понеделник, 8 декември 2025

Не запираат измамите со лажни сообраќајки – 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 82-годишна скопјанка била измамена за сума од околу 170.000 денари од едно лице кое се претставувал како полициски службеник.

Објавено на

часот

Сподели

„Осумдесет и двегодишна жена од Скопје во СВР Скопје, пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор“, посочуваат од МВР.

Како што е пријавено, таа излегла на улица и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ