Како што пријавил оштетениот, непознато машко лице му се јавило телефонски и го убедило дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која наводно прегазила неколку лица. Мошне вознемирен од тврдењата, човекот бил убеден дека доколку не уплати одредена сума, неговата ќерка ќе заврши во затвор.
Поверувајќи во кажаното, тој ги подигнал парите и ги оставил на однапред договорено место, како што му било сугерирано од страна на измамникот. Подоцна, откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека сè било лажна приказна и дека станува збор за класична измама.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителот.