Првиот инцидент се случил утрото на 20 март 2026 година околу осум часот во продажен објект во населбата Радишани.
„Според информациите, 36-годишниот Т.С. од Скопје физички го нападнал вработениот Б.М. Полициски службеници од полициската станица Чаир интервенирале и околу 8:45 часот го привеле осомничениот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираа од МВР.
Вториот случај бил пријавен завчера попладне кога 44-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавата, нападот бил извршен од неколку други малолетници, од кои дел му биле познати на ученикот.
Полицијата презема мерки за утврдување на сите околности и целосно расчистување на случајот, како и идентификација на инволвираните лица.






