Според пријавата, поради нерасчистени должничко-доверителски односи за банкарски кредит, пријавителот бил присилно внесен во возило, физички нападнат и му биле упатени закани по живот. Сторителите подоцна влегле во неговиот дом, ги одзеле личните документи на него и на неговата сопруга и физички го нападнале лицето А.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






