понеделник, 2 јуни 2025
Определена му е мерка притвор

Насилник од Гостивар нападнал и силувал жена

Основниот суд Гостивар денеска му одредил мерка притвор на гостиварец, кој со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад врз неговата вонбрачна сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

„Основниот суд Гостивар денеска му одреди мерка притвор на А.С.(53) од Гостивар затоа што на 29.05.2025 околу 02 часот во нејзиниот стан во Гостивар со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад врз неговата вонбрачна сопруга. 38-годишната жена го пријавила случајот во полициска станица во Гостивар и на Фејсбук страната на МВР, по што околу 19:45 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.“, информира попладнево Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, лицето е задржано во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ