понеделник, 7 јули 2025

Нарушувања на јавниот ред и мир со тепачки во Скопје

Летото во Скопје, се чини започна со повеќе пријави за нарушување на јавниот ред и мир, поради тепачки во неколку скопски општини.

Објавено на

часот

Сподели

На 22.06.2025 во 15.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58), сите од Скопје, затоа што околу 11 часот на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (23.06.2025) околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.М.(28) и Б.М.(51) од една страна и И.С.(38) од друга страна, сите од Скопје. Исто така, К.С.(35) од Скопје пријавила дека била физички нападната од Б.М.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.06.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, З.С.(64), Т.Д.(54), М.С.(27) и 17-годишна малолетничка, сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.06.2025 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ф.(21) и Е.Ф.(44), од една страна и Б.Б.(38) и И.Б.(43) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ