сабота, 12 јули 2025

Направиле договор за продажба на дел од објект, па продавачот ги бркал геодетите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на 2024 година, 61-годишник од Тетово се договорил со пријавениот од него да купи дел од објект за сума од 22.000 евра. Тие потпишале договор и оштетениот му ги дал парите, а откако во објектот отишле геодети да направат мерење и поделба на објектот, Р.А. незадоволен од мерењето ги набркал геодетите. До пријавувањето на настанот во април 2025 година, Р.А. не дозволи да се направи поделба на објекто, ниту пак му ги вратил парите на оштетениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ