недела, 14 декември 2025

Нападнат полицаец во Скопје

Полициски службеник бил нападнат утрово во Скопје, при преземање службени дејствија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, инцидентот се случил на паркинг на Средно Водно утрово, во 2:10 часот. При преземање службени активности од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција (ЕИП) за легитимирање машко лице, лицето почнало да упатува вербални навреди и пцовки, а во еден момент замавнало и со двете раце и удрило полициски службеник во пределот на градниот кош.

По настанот, поради болка во градниот кош полицискиот службеник е однесен во ГОБ „8 Септември“ за укажување за лекарска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ