Рано утрово во 2:30 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Росоман, затоа што физички нападнал такси возач кој го превезувал, по што со закана со метален предмет му одземал пари.
„Малолетникот бил приведен во полициска станица, парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. Известен е јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци, а по документирање на настанот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.