недела, 11 мај 2025

Наместо да го суди, српски суд казни Македонец со 100.000 динари кои треба да ги даде во хуманитарни цели

22 годишен Македонец е уапсен за неовластено поседување наркотици, кои полицијата ги заплени при претрес на граничниот премин Прешево, Србија, јави МИА.

Објавено на

часот

Сподели

На граничниот премин Прешево, меѓу Македонија и Србија, при редовна контрола на патник, српската полиција открила 3,17 грама марихуана.

По приведување и распит во Основното јавно обвинителство во Врање, наместо кривично дело неовластено поседување наркотици, младиот човек мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели, во замена за кривична пријава, судење и казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ