петок, 20 март 2026

Намерен стечај и затајување данок , еден осомничен за тешки финансиски злоупотреби

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против лицето Т. З., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Намерно предизвикување стечај“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Управата за финансиска полиција, пријавениот Т.З., во својство на сопственик и управител на Друштво за производство, трговија и услуги „Школка“ ДООЕЛ Демир Капија, свесно и со умисла, а по добиени насоки, напатствија и совети и во заеднички договор со управителот на правното лице „Гама Винери“ ДОО Гевгелија – Александрос Манасидис, на 1 јуни 2022 година го основал правниот субјект „Школка“ ДООЕЛ Демир Капија и го ставил на располагање како средство за извршување на кривичното дело „Намерно предизвикување стечај“ по член 254 од Кривичниот законик на РСМ.

На тој начин, преку „Школка“ ДООЕЛ Демир Капија, го презел целокупното деловно работење, како и сервисирањето на побарувањата и обврските во име и за сметка на „Гама Винери“ ДОО Гевгелија, освен обврските кон две физички лица – Д.Т. и З.Б. и едно јавно претпријатие – ЈПКР „Бошава“ ЦО Демир Капија. Со таквото постапување, првопријавениот овозможил, по поднесен предлог од наведените доверители, на 2 октомври 2024 година над „Гама Винери“ ДОО Гевгелија да биде отворена стечајна постапка.

Притоа, со ваквото дејствување, пријавениот Т.З. оневозможил Управата за јавни приходи, врз основа на решение за присилна наплата на парични побарувања спрема должникот „Гама Винери“ ДОО Гевгелија, да наплати вкупно 24.855.579 денари по основ на даноци, од кои 20.452.000 денари данок на додадена вредност и 4.403.579 денари персонален данок на доход, со што е оштетен Буџетот на РСМ.

Дополнително, првопријавениот Т.З., во својство на сопственик и управител на „Школка“ ДООЕЛ Демир Капија, од деловното работење на правниот субјект присвоил парични средства во вкупен износ од 4.145.899 денари од дневниот промет, за кои средства во сметководствената евиденција не пресметал, не евидентирал и не уплатил персонален данок на доход во износ од 460.609 денари по стапка од 11,11 проценти и данок на добивка во износ од 414.590 денари по стапка од 10 проценти, со што го оштетил Буџетот на РСМ по основ на даноци за вкупен износ од 875.199 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ