МВР соопшти дека на територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои и 41 казна за брзо возење, седум за користење мобилен телефон, 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за возач почетник и 37 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР.






