сабота, 5 јули 2025

Најдена марихуана во Охрид

Во текот на вчерашниот ден на пресек на булевар Туристичка со улица Бистрица во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(25) од Охрид затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи подоцна со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени и одземени се марихуана и дробилкла со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ