среда, 24 декември 2025

Над 400 казни за брзо возење напишаа полицајците од Тетово, Битола и Куманово

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 12 до 18 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санkционирани се 184 возачи. Од нив 127 на територија на Тетово, а 57 на територија на Гостивар. Од овие 184 возачи, 59 возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволеното, а дури 11 со над 70 километри на час над дозволеното“, информира СВР Тегово.

Исто така попладнево, санкциониарни се 122 возачи во акциската контрола, спроведена на територијата на СВР Битола, а казнети се 37 возачи на на територија на Ресен, 36 на територија на Битола, 30 на територија на Прилеп.

На територијата на СВР Куманово пак, санкционирани се 121 возачи, од нив казнети се 101 возач на територија на Куманово, 11 на територијата на Крива Паланка и 9 на територијата на Кратово. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ