Со претреси спроведени во текот на месецот биле запленети дополнителни количини марихуана, кокаин, хашиш и амфетамин, а во околу десет случаи биле лишени од слобода повеќе од 15 лица против кои се поднесени кривични пријави за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
На Граничниот премин Табановце, во повеќе одвоени случаи, кај српски, унгарски, австриски и белгиски државјани биле откриени кокаин, амфетамин и марихуана.
Исто така, на регионалниот пат Битола – Прилеп, во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност, бил спречен транспорт на околу 35 килограми марихуана.






