„На 2 ноември во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата ‘Димитрие Чуповски’ во Скопје, патничко возило ‘фолксваген тигуан’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (33) од Скопје, удрило во пешакот М.М. (79) од Скопје и го напуштило местото на настанот“, соопштија од МВР.
На Водно бил приведен возачот кој удрил во 79-годишна жена и побегнал
А.А. (33) од Скопје синоќа бил приведен на локалниот пат кон Средно Водно. Тој побегнал откако во центарот на Скопје, на пешачкиот премин кај гимназијата „Ј.Б. Тито“ удрил во 79-годишната М.М. која со тешки повреди завршила во болница.

Објавено на
часот





