петок, 13 јуни 2025

На влез во Македонија, приведен осуденик баран со потерница за издржување затворска казна

На 16.05.2025 во 21.01 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.О.(31) од с.Сенокос , општина Врапчиште.

Објавено на

часот

Сподели

При гранична контрола било констатирано дека врз основа на судска наредба бил баран од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги за издржување затворска казна. Лицето било предадено во СВР Куманово, по што ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ