четврток, 15 мај 2025

На влез во Македонија го „погодил“ столбот со камери на ГП Табановце

Охриѓанец со автомобил „пасат“ удрил во метален столб со камери за видеонадзор на граничниот премин Табановце, соопшти денеска кумановската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера околу 18:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на граничниот премин Табановце се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ‘пасат’ со охридски регистарски ознаки управувано од С.Љ. (59) од Охрид удрило во метален столб со камери за видеонадзор“, информираше СВР Куманово.

Во незгодата нема повредени, увид извршила екипа од СВР Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ