понеделник, 19 мај 2025

На територија на цела држава 1.507 сообраќајни прекршоци за два дена

Од вкупно издадените 1507 платни налози во текот на изминатите два дена од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање биле изречени 517 платни налози, а по основ на непридржување до пропишаната брзина на движење беа евидентирани 259 прекршоци.

Објавено на

часот

Сподели

Според статистичките бројки, соопштија денеска од МВР, се изречени 103 прекршоци по основ на неносење сигурносен појас, 55 по основ на користење мобилен телефон, изречени се 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за неносење на заштитна кацига, а санкционирани се и 16 возачи на електрични тротинети.

„Инаку санкционирани се и 144 возачи кои управувале без возачка дозвола, 14 управувале под дејство на алкохол, додека 16 возачи минале на црвен светло. Согласно пак одредбите од Законот за возила, 29 возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 30 биле со истечена регистрација“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ