недела, 7 декември 2025

На пациентка во КБ Тетово не ѝ кажале дека имала спонтан абортус – пријавила несовесно лекување и фалсификување

Дваесет и седумгодишната А.Ј.И. од с. Долно Палчиште на 28 ноември во СВР Тетово пријавила несовесно лекување на болни и фалсификување на службена исправа, против М.Е.А., вработена во одделот на Гинекологија при Клиничка болница Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, на 22 ноември, таа отишла во болница каде била на лекување во одделот, поради компликации со бременоста и на 24 ноември била отпуштена дома со дадена соодветна терапија, но не ѝ бил даден медицински извештај. Истиот ден пријавителката имала спонтан абортус и се обратила во истото одделение, каде друг лекар ѝ кажал дека во евиденцијата стои дека претходно имала абортус и била соодветно третирана, иако кога била отпуштена ѝ било кажано дека бебето е добро. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ