Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Езерската полиција го врати катамаранот во пристаниште, а лицата се транспортирани на копно, до објектот каде биле сместени.






