петок, 23 јануари 2026

На неколку места при претреси на возила и лица пронајдена дрога

Објавено на

часот

Сподели

Вчера попладнето на булеварот „Словенија” во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција сопрено е патничко моторно возило „пежо” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Р (23), а како сопатници Х.Ч (17) од Скопје и Д.Д (20) од Прилеп.

При преглед во возилото пронајдена е марихуана и лицата се приведени. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска, два часа по полноќ пак, пред ноќен клуб во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен Б.Т (24) од Скопје кај кого е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и една дробилка со марихуана. Против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по документирање на случајот.

Педесет минути по полноќ на булеварот ,,8 Септември” во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен Ж.Ј (21) од Скопје кај кого при преглед е пронајдена марихуана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ