сабота, 28 март 2026

На косовско-албанска граница упасен Косовец осуден во Македонија за трговија со дрога

На граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, уапсен е 38- годишен Косовец баран со меѓународна потерница издадена од властите од Македонија, а осуден на шест години затвор за дрога, соопшти албанската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, во соработка со службите на локалната полициска управа Кукс и како резултат на размена на информации со Интерпол Тирана, уапсен е Бурим Бајрами (38), жител на Гњилане, со цел екстрадиција во Македонија.

„При проверките и разговорите во втор ред, на влез во државата, се покажа дека 38-годишниот маж е прогласен за меѓународен баран, откако судот во Гостивар му изрекол шест години затвор за трговија со дрога. Од оваа казна му остануваат да одлежи околу една и пол година затвор“, пишува во соопштението.

Се додава дека Интерпол Тирана, во соработка со македонските колеги, ги спроведуваат процедурите за негова екстрадиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ