недела, 14 декември 2025

На хируршките клиники во Скопје, примени четворица тешко повредени од престрелката во Тетово

Четири пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за здравство на КАРИЛ е примен 32-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош, тешка телесна повреда. На Детска хирургија е примено 12-годишно дете со прострелна рана во предел на десна натколеница. На Торакална хирургија е примен 37-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош. На Трауматологија е примен 60 – годишен пациент со скршеница на десна потколеница.

Сите пациенти, нагласува МЗ, се згрижени и им се укажува соодветна медицинска помош.

Едно лице е починато, а повеќе беа ранети во оружена престрелка која се случила денеска напладне во Тетово. Од МВР соопштија дека во 12:30 часот на крстосница од улица ,,Илинденска” со улица ,,Благоја Тоска” во Тетово се случила вооружена пресметка помеѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото, од кои едното се упатило кон улица „113“,  а додека другото во непознат правец.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ