Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 21 јули во 13.20 часот во СВР Скопје. Инцидентот се случил на подрачјето на Гази Баба, каде што младата спортистка Х.В. (18) почувствувала здравствени проблеми.
Таа веднаш била префрлена со возило на Итната медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде ѝ била укажана соодветна лекарска помош.
Надлежните служби ја следат состојбата, а засега нема дополнителни информации за нејзината здравствена состојба.






