Оттаму наведуиваат дека осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово.
Златните монети ги сокрила во жолта торбичка ставена во својата чанта, со намера да избегне царинска контрола и да избегне плаќање давачки кон државата во износ од 149 илјади денари.

„Благодарение на вниманието и професионализмот на царинските службеници, обидот за криумчарење бил навреме откриен и спречен, по што случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги. По преземање предистражни дејствија поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство. Царинската управа останува посветена на строг надзор и контрола на граничните премини, со цел спречување на криумчарење и заштита на финансиските интереси на државата“, посочуваат од Царинската управа.






