недела, 14 декември 2025

МВР: За една година сузбиени се 14 криминални групи

За една година сузбиени се 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лица во период од една година. Продолжуваме со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, соопшти денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година. Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.

Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, Министерството за внатрешни работи спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи.

Продолжуваме со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, како еден од стратешките приоритети за заштита на безбедноста и правниот поредок. Преку силната меѓународна соработка и решителните домашни акции, испраќаме јасна порака дека за криминалот нема простор во нашето општество“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ