Дополнително, брифираат изворите на МКД.мк истрагата ќе треба да покаже дали Анакиев делувал сам или парите со кои бил подмитен директорот се наменети и за други лица.
Во номеври минатата година Обвинителството отвори истрага за корупција и во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) што резултираше со апсење на тогашниот директор Илија Стоилев. Поради сомневања за злоупотреби, Министерството за финансии привремено ги стопираше сите исплати од ИПАРД 3 програмата.
Дали вечерашното апсење на Анакиев е поврзано со сомнежите за криминал во случајот со ИПАРД 3 програмата одговри треба да даде истрагата.
Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) информираше дека во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа, но не потврди дали станува збор за истата акција во која е уапсен Анакиев или станува збор за сосема различен случај.
„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, се наведува во соопштението на ОЈО ГОКК.