сабота, 17 мај 2025

МВР: Вчера 968 казни за сообраќајни прекршоци

Вчера сообраќајната полиција издаде 968 платни налози, од кои 636 казни беа издадени поради непочитување на пропишаната брзина на движење. За неправилно паркирање казнети се  57 возачи. Санкционирани се и 29 прекршоци заради некористење сигурносен појас, а 11 за користење мобилен телефон.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера се откриени и санкционирани и 81 лице поради непоседување возачка дозвола, а 27 возачи управувале возило под дејство на алкохол. Согласно пак одредбите од Законот за возила – четири возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 21 возило затоа тоа што не биле со валидна регистрација“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ