Како што информираа вечерва од МВР, за време на спроведувањето на полициската акција, обезбедени се материјални докази, односно пронајдена е и одземена дрога, пиштол, рамка за пиштол и муниција, седум патнички моторни возила, седум телефонски апарати, како и поголем износ на парични средства.
„Преземањето на соодветни мерки и активности продолжуваат и понатаму во насока на обработка и вештачење на одземените предмети кои потекнуваат од кривично дело, потоа спроведување на лицата пред судија на претходна постапка, како и поднесување на кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираше МВР.






