среда, 13 август 2025

МВР санкционираше прекршоци на 232 мотоциклисти за само 6 часа

Во рамки на акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, во периодот од 16.00 до 22.00 часот полицијата санкционираше 232 возачи.

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, 97 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за  заеднички  придонесе за побезбедни патишта.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ