Од МВР информираат дека вчера вечер околу 23 часот во Македонска Каменица, полициски службеници при сообраќајна контрола на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица го лишија од слобода И.И. (43) од село Косевица, кој управувал патничко моторно возило „ауди“, без стекната возачка дозвола, а под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.
Денеска на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од ПС за БПС Тетово, го лишиле од слобода Г.С. (42) од село Брвеница, кој што управувал патничко возило „фолксваген кади“ со измерени 2,05 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Во Стар Дојран, пак, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Ј. (40) од дојранското село Црничани, кој управувал патничко возило „фиат“ под дејство на алкохол, односно со измерени 2,45 промили алкохол во крвта.
Во Прилеп на улицата „Браќа Миладиновци“ бил приведен Ж.П. (55) од Прилеп, кај кого при сообраќајна контрола, додека управувал со патничко моторно возило „фиат“, билеизмерени 1,62 промили алкохол во крвта.
Два часа по полноќ, денеска во Кочани А.А. (19) од Виница управувал патничко возило „фолксваген голф“ со 1,92 промили алкохол во крвта, а пак полициски службеници од СВР Куманово во 01,28 часот го лишија од слобода С.С. (29) од Куманово, кој што управувал возило марка „ауди“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,57 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.