среда, 13 август 2025

МВР приведе седум странкињи, останале во Македонија повеќе од дозволеното

Вчера вечер, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во село Желино, сопственост на J.Ф., за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Албанија, на возраст од 24 до 50 години. Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во село Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б. од село Добридол, затекнати се две државјанки на Албанија, на возраст од 33 и 36 години. Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во полициските станици во Тетово и во Гостивар за понатамошна постапка“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ