Како што соопшти денеска МВР, за време на претресите кај лицето С.А. (23) од Скопје пронајдени и одземени се електронски доказни материјали, огнено оружје и 51 куршум. По извршените претреси за С.А. до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
МВР при претрес пронајде оружје и муниција кај 23-годишник
Полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство Скопје, на 19 јули годинава извршија претреси на дом и други простории на две локации во Скопје.

Објавено на
часот





