Министерството за внатрешни работи се вклучи во едукативниот проект на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ кој што, согласно веќе подготвената динамика ќе се реализира до крајот на учебната година за учениците од прво до четврто одделение во низа основни училишта на територијата на државата. Се планира во наредниве месеци, почнувајќи од завчера, полициските службеници во соработка со РСБСП да посетат преку педесетина основни училишта во државава и преку практични предавања децата ќе ги учат основните сообраќајни правила и прописи, а дополнително во контекст на кампањата веќе се подготвени и испечатени околу 7.000 сообраќајни буквари и боенки за децата.
МВР: При контрола на сообраќајот вчера се издадени 1.039 казни
Вчера во полициските сообраќајни контроли низ патиштата во земјава беа евидентирани дури 186 сообраќајни прекршоци од страна на пешаци. И натаму предничнат прекршочните пријави по основ на непочитување на брзина на движење – 224, и непрописно паркирање – 285, додека пак по основ на неносење сигурносен појас регистирани биле – 43 прекршоци, а за говорење на мобилен телфон при движење (возење) – 40 прекршоци. Во рамки на вчерашните контроли вкупно се издадени 1.039 платни налози, евидентирани се и 76 случаи на управување на возило без возачка дозвола. Во осум случаи возачи минале на црвено светло, а во четири случаи од сообраќај се исклучени алкохолизирани возачи. Исто така согласно Законот за возила евидентирани се 20 возила кои што биле нерегистирани.

Објавено на
часот





