Според информациите, пријавениот, вработен како полицаец во Одделот за заштита на определени личности и објекти, на 6 февруари 2026 година на улицата „Даме Груев“ во Скопје управувал патничко возило сеат алтеа без да има положен возачки испит и без возачка дозвола. Како учесник во сообраќајот не се придржувал до прописите за безбедност и управувал возило на безобѕирен начин.
Од Одделот за внатрешна контрола против него е поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Воедно му се изречени задолжителни мерки, одземање на службеното оружје и муницијата, како и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.






