„На 25.12.2021 во 02.13 часот во СВР Штип, од Итната медицинска помош Пехчево, било пријавено дека во 02.00 часот за укажување на лекарска помош се јавил В.Р.(44) од Пехчево .
Според пријавеното, на 24.12.2021 во временскиот период од 00.30 до 01.00 часот во угостителски објект во с.Владимирово по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка помеѓу Д.А.(46) од с. Ратево и В.Р.(44) од Пехчево.
Во пресметката со повреда на прст од десната рака се здобил В.Р. констатирана во Општата болница Кочани. Во врска со настанот процесуирана е соодветна пријава и по барање на ОЈО извршени се потребните проверки и по обезбедената медицинска документација известено е надлежното ОЈО. Исто така, поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР“, велат од МВР.






