понеделник, 29 декември 2025

МВР поднесе кривична пријава против градоначалникот на Делчево, ја злоупотребил функцијата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево вчера до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против градоначалникот на општината, Горан Трајковски поради основи на сомнение за сторено кривично дело  злоупотреба на службената положба и овластување.

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, Трајковски како градоначалник на Општина Делчево на 1.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 година за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево, кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост, што претставува основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување.

„Со незаконското вработување пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата“, се наведува во пријавата на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ