петок, 20 март 2026

МВР: Пет лица лишени од слобода за брзо возење и управување автомобил под дејство на алкохол

На 24 и 25 август 2025 година, полициските службеници од СВР Тетово, Дебар, Велес и Битола реализираа неколку акции за откривање на прекршувања во патниот сообраќај, при што биле лишени од слобода пет лица поради прекумерна брзина и управување на возило под дејство на алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 17:58 часот, на автопатот Скопје-Тетово, на место викано „Студена вода“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј. (31) од село Долна Лешница, општина Желино. При контрола со радар било констатирано дека тој управувал патничко возило ауди со брзина од 184 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

Истата полициска станица истиот ден, на 24.08.2025 година во 16:22 часот, на автопатот Скопје-Тетово кај Добарски надпатник, го лишила од слобода Б.А. (25) од село Студеничани, скопско. Тој управувал патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки со брзина од 192 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 100 километри на час.

На 24.08.2025 година во 15:45 часот, на регионален пат во општина Маврово и Ростуше, на место викано „Ростушко Анче“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода В.Д. (48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко возило шкода со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,90 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

Денеска, на 25.08.2025 година во 01:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.В. (27) од Велес. При контрола било утврдено дека управувал патничко возило БМВ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,28 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

Исто така, на 24.08.2025 година во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај село Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар констатирале дека С.С. (22) од село Средно Егри, битолско, управувал патничко возило фолксваген поло со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час. И тој веднаш бил исклучен од сообраќај.

За сите настани биле запознаени надлежни јавни обвинители, а по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ