недела, 13 април 2025

МВР одзеде десет возила кои учествувале во диви трки

Полицијата денеска одзела десет возила поради предизвикување голема бучава и кои учествувале во диви трки на булеварот Трета македонска бригада, во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, денеска во СВР Скопје било пријавено дека на булевар Трета македонска бригада, се одвиваат диви трки со возила кои предизвикуваат голема бучава.

„Веднаш по пријавата од страна на одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што истите се сопрени и  привремено се одземени 10 патнички моторни возила поради основано сомнение за техничка неисправност на возила. Истите ќе бидат однесени во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот“, се вели во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ