четврток, 24 април 2025

МВР: На патот Тетово-Гостивар регистрирана е брзина и од 193 км/час

Вчера полицијата на патот Тетово – Гостивар регистрирале 128 прекршоци за брзо возење при што за безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица.

Објавено на

часот

Сподели

На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, од слобода бил лишен М.Б.(47) од село Челопек, Тетовско, затоа што управувал патничко возило „ровер“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час. На истото место од слобода била лишена Р.А. (42) од Тетово, која управувала патничко возило „пежо“  со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час. Приведен е и А.А. (33) од село Раковец, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час.
На автопатот Скопје-Тетово, кај местото „Студена вода“ од слобода бил лишен В.З.(24) од село Желино затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и С.Ш. (30) од Тетово затоа што управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час.
Кај наплатната станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М. (42) од Скопје затоа што управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и Н.Б. (54) од Охрид затоа што управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час.
Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ