По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол. Додека еден возач во Куманово возел мопед во спротивна насока, а еден во Скопје и покрај тоа што имал активна забрана“, се наведува во соопштението од МВР.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување. или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.






