Како што информира денеска МВР, во рамки на овој број, а по основа на неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, биле регистрирани 219, односно 109 прекршоци. За возење без возачка дозвола регистрирани биле 76 возачи, 53 учесници во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас, петмина за неносење на заштитна кацига, а пак 16 за користење на мобилен телефон при возење.
Според статистичките показатели, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во 11 случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и седум пешаци.
По основ пак на Законот за возила, 56 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 40 заради техничка неисправност, а 16 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.






