четврток, 12 март 2026

МВР ја идентификуваше жртвата што вчера беше извадена од водите на Вардар

Вчера претпладне полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.

Објавено на

часот

Сподели

Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И. од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после осум часот излегла од дома и не се вратила.

„Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ