„Денеска, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 9 октомври 2025 година на кое се гледа како на булевар Партизански одреди управува службено возило шкода со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии“, посочуваат од министерството.
Од МВР соопштуваат дека против возачот се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.






