петок, 30 мај 2025

МВР: Фатен бегалец од затвор кој четири години бил во бегство

Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го привела  А.А. од Скопје, кој бил баран со централна и меѓународна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот. Затвореникот, кој четири години бил во бегство, ќе биде предаден на надлежниот затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, А.А. е осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и фалсификување исправа, а за доиздржување имал шест години и два месеци.

„А.А. на 5.2.2021 година бил пуштен на домашно отсуство, по што избегал“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ