Според информациите од МВР, осомничениот, во својство на службено лице, преку шпедитер индиректно побарал поткуп од сопственик на фирма што се занимава со увоз. Поткупот бил барањe за да се овозможи непречен увоз на стока за која биле наведени забелешки и наводна законска несогласност, за што бил изготвен и записник од Инспекторатот.
Побаруваниот износ од 100.000 евра требало да биде предаден во три наврати, 50.000 евра во првата рата и две последователни рати по 25.000 евра.
На 19 март било извршено примопредавањето на првата рата од 50.000 евра. Парите првично ги презел шпедитeрот, кој подоцна требало да ги предаде на В.А..
„По земањето на парите од страна на В.А., преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени“, се наведува во соопштението на МВР.






