недела, 8 февруари 2026

Музичарот Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград, велат српски медиуми

Утринава, српските медиуми ја пренесуваат веста дека македонскиот музичар Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград.

Објавено на

часот

Сподели

Според српскиот портал „Курир“, непознати извршители, по кои се трага, го врзале и го возеле во неговиот автомобил, барајќи му 20.000 евра.

„Постои сомнеж дека се работи за странски државјани, а не се исклучува и можноста дека се во прашање мигранти. Грабнатиот го возеле до Рума, каде што кога се обиделе да ги запрат сообраќајци, удриле во банкина, излегле од возилото и побегнале“, открил изворот на „Курир“.

Даниел Кајмакоски, роден во Струга, Македонија, стана познат на регионалната музичка сцена по учеството и победата во српската верзија на талент-шоуто „Икс фактор Адриа“. Тој ја претставуваше Македонија на Песна на Евровизија во 2015 година, со песната „Лисја есенски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ