Патничкото моторно возило даеву тико со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (64) од Куманово, излетало од патот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, додека сопатничката Л.Д. (57) била пренесена во Општа болница Куманово со телесни повреди.
Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.






