Рано изутрина во 2:18 часот, полициски службеници од ОВР – Ресен го лишија од слобода Д.К. од ресенското село Јанковец.
„При сообраќајна контрола во село Јанковец, сопрено е патничко возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, што го управувал, а по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и оти е под дејство на алкохол – односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта“, појаснуваат од МВР.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот, како што додаваат од МВР, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик, безобѕирно управување со моторно возило.